Мисијата на Фондацијата Енвер Малиќи е да придонесе развој на порамноправно, толерантно и солидарно општество во С. Македонија.
Пред нас се големи предизвици како Фондација. Сигурни сме дека ќе успееме да направиме промена и да бидеме добар пример за споредба, да мотивираме и други општествено-одговорни и освестени компании да направат повеќе за заедницата.
Визијата на Фондацијата „Енвер Малиќи“ е да работи посветено за општество во кое граѓаните ќе учат да преземаат одговорност и да ја разбираат моќта на заедништво, да бара решение за социјалните проблеми, еколошките, економските, образовните и да ја воздигнува уметноста и културата.
Фондацијата е посветена на грижата и економското зајакнување на граѓаните во социјален ризик со посебен акцент на младите и децата. Се стреми да ја поттикне солидарноста и духот на заедниците во општеството преку развојот на филантропијата.
Фондацијата ќе придонесе за развој на порамноправно, толерантно и солидарно општество во Македонија и Косово.
Семејството на Енвер Малиќи основа Фондација во чест на големиот човек, хуманист, професионалец, посветен татко и сопруг, визионер, филантроп, успешен бизнисмен, пријател и другар.
Фондацијата „Енвер Малиќи“ ќе продожи каде застанаа добрите дела на Енвер и ќе подаде рака на секој поединец, уметник, институција, здружение, кое прави промени во одредени сфери на животот.
Силно веруваме дека е потребна индивидуална одговорност за доброто на целото општество.
Ќе ги препознаеме проектите кои ќе бидат од полза за заедницата. Промовираме вредности кои ја почитуваат природата, ги намалуваат климатските промени, проекти кои се од особен интерес од уметноста и културата и образованието како темел на секое здраво општество.
Цврсто веруваме дека ниту една компанија не може да биде целосно успешна без да биде одговорна кон заедницата и да работи во синергија со потребите на општеството во кое живееме.
Фондацијата ќе послужи како позитивен пример и инспирација за другите, за уште поголема вклученост и општествено одговорна работа, како заедничка мисија на целата бизнис заедница.
Фондацијата „Енвер Малиќи“ е посветена на еден од најголемите македонски хуманисти и филантропи, основач на компанијата Гемак трејд еден од највлијателните стопанственици регистрирани во Стопанската комора на Северна Македонија.
Тој не беше обичен човек, во себе имаше толку многу љубов за сите, визионер, работник, другар, знаше што да прави и кога некој ќе падне и кога некој ќе успее. Се радуваше и на туѓите успеси подеднакво како и на своите.
Енвер Малиќи беше роден 10 февруари 1952 во срцето на Скопје, во Старата скопска чаршија, во мултиетничко и мултирелигиозно опкружување. Иако животот и обврските го носеле на различни страни од светот, на крајот секогаш се враќал дома, во неговото Скопје. Како човек кој го сакаше својот град и каде што ги поминал најубавите моменти од својот живот, со желба, но и обврска за да му возврати за сите убавни што градот му ги дал, Енвер многу успешно ја извршуваше и задачата заменик на градоначалникот на Град Скопје.
Со гордост придонесуваше и како почесен конзул на Мексико во Северна Македонија
Го споделуваше секој момент со семејството, пријателите и соработниците, но и со вработените. По него остана неговото најголемо богатство, семејството и патот по кој треба да се оди. Да се почитуваме и да го сакаме секој момент од животот, да бидеме добри луѓе и да не престанеме да се подобруваме. Ни остави голема одговорност да продолжиме со неговите дела, мисијата и големината на човекот што го носеше во себе.
Малиќи и покрај успешните бизниси, за своја најголема скапоценост го сметал семејството.
Енвер Малиќи почина на 1 декември 2021 година, а зад себе остави многу недовршени задачи за кои неговите наследници ќе продолжат каде тој застана.
Претседателка на Фондацијата
Извршен директор на Фондацијата
Проект менаџер и одговорно лице за контакт
Политика за приватност | Политика за колачиња | © ФОНДАЦИЈА ЕНВЕР МАЛИЌИ
Мевљуде Малиќи
Претседателка на Фондацијата
Претседателка на Фондацијата „Енвер Малиќи“, ја основа Фондацијата во чест на нејзиниот сопруг со цел да ги зачува вредностите за кои заедно се обидуваа да ги пренесат на луѓето околу себе, создаваа можности за филантропија, емпатија, хуманост и иницира лидерство и ангажман во заедницата со цел да го привлечат вниманието за да создадат промени.
Што гледате како најголема потреба на денешницата?
– Љубов кон човештвото.
Имам чест што имате доверба во мене да ги пренесам потребите на заедницата и заедно да најдеме начин како некои недостатоци во општеството да станат инспиративни како решение.
Родена е 22 Ноември 1953 година . Во Урошевац.
Мевљуде по образование е наставник по физика и математика, но како вели ѕвездите се согласиле сепак да биде посветена на семејствето и бизнисите кои ги почнаа со својот сакан сопруг Енвер.
Таа е фокусирана како различноста и еднаквост и вклучување во филантропијата.
„Мојот сопруг и јас создадовме семејство пред повеќе од 40 години.
Да се биде родител на толку многумина и во исто време да се работи на системите во кои растат овие деца – образование, згрижување, здравје, безбедност – влијаеше на мојот живот, мојата страст и на моето одлучување“.
Како претседател на Фондацијата, Мевљуде може секојдневно да работи на својата страст – да се помогне на луѓето и на заедницата. Таа ги обединува енергијата и ресурсите бизнисите и волонтерите во заедницата за да помогне во зголемувањето на свеста за важноста алтруизмот и градењето врски кои се клучни за решавање на општествените проблеми.
Мевљуде е инспирирана од нејзиниот тим и напредокот што се постигнува кон заедница.
Моја најголема желба во која Енвер ме поджуваше е на луѓето да им правам добро. Да бидат среќни, Здравјето е најважно, но верувам дека личниот напредок и реализација како човек е исто атка важно. Семејството е столб на сите успеси во животот, затоа со фондацијата ќесе насочиме на вистинските вредноси. Тоа значи образование, благосостојба и придонес во средината во која растеме, создаваме и живееме. Важно е да создаваме и да оставиме за идните генарации.
Нина Шерифовска
Извршен директор на Фондацијата
Една од најблиските соработници на Енвер Малиќи, во последните дваесетина години. Шерифовска работи и како извршен директор и на неколку од бизнисите на семејството Малиќи .
Амбициозна, со визонерски особини, вистински пример за силна жена која е пример во заедницата.
Полна со оптимизам и без разлика на животните искушенија, секогаш ја гледа поубавата страна на животот.
Бласостојбата и образованитео на децата се облстите во кои Шерифовска дава најголем придоденс во животот.
Жена со интегриртет која секогаш наоѓа начин како помогне, притоа да биде силна и успешна жена, и со своите зборови и дела , зборува за вредностите кои ги почитува. Сака да им помага на другите за да станат најдобрата верзија од себе.